Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за МРТ 2 истакна дека политиките на опозицијата се базираат на принципиелна, изрекна и честита реторика која не ги дели граѓаните на Република Македонија по етничка припадност. Тој посочи дека опозицијата нема да молчи за неисполнетите ветувања на албанските политичари во Македонија, бидејќи тие не ги решаваат проблемите на сите граѓани подеднакво.
-Ние имаме принципиелна, искрена и честита реторика и таа реторика не ги дели граѓаните на Република Македонија на Македонци, Албанци, Роми, Турци, Власи, Срби, Бошњаци туку за нас сите тие споделуваат исти проблеми и исти маки. Но доколку очекувате…Еве примери неколку ќе би дадам. Знаете до каде е реновирањето на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово? Се сеќавате лани, градоначалничката излегуваше, министерот за образование велеше дека има средства, минатата година практично дека ќе отпочне реновирањето на гимназијата. Еве јас ќе ви кажам до никаде, тоа не постои. И никој не ги прашува градоначалничката и министерот зошто лажеа? Ние треба да молчиме само затоа што се Албанци? Па тие Албанци прават проблеми и на Албанци во тие општини, вели тој.