Мицкоски: По оваа есен политичката ситуација во Македонија нема да биде истата, одговорноста ќе припадне на ВМРО-ДПМНЕ и ќе треба силно да се засукаат ракавите и да се даде најдоброто од себе

Благодарам на можноста да се обратам овде пред пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. Благодарност до почитуваниот Даниел Браун, голема благодарност до Петер Баер. Благодарност до гостите кои денеска се овде со нас, затоа што на вакви настани не само што можеме да ги споделиме заедничките искуства, туку можеме и да научиме нешто од би рекол многу поусовршените и понапредните демократии од нашата, а потоа да можеме истото да го примениме кај нас, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се обрати на семинарот во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Кондрад Аденaуер.

„Петар ме потсети на Турингија, јас поминав таму еден семестар завршувајќи го експерименталниот дел од мојот докторат на Универзитетот Хилменау, тоа е во близина Ерфур главниот град на покраината Турингија, и тоа на кое докторирав практично беше вештачка интелигенција, односно користење на алгоритми за вештачка интелигенција за управување на манипулациони роботи. И тоа беше пред, би рекол, 15-16 години од денеска, тие неколку месеци поминати на Универзитетот значеа за мене еден нов почеток, а потоа тоа знаење кое таму го стекнав и тоа искуство кое го стекнав на Универзитетот Хилменау придонесе на нашиот Универзитет Св. Кирил и Методиј отвориме насока мехатроника, мултидисциплинарна на која студентите можеа да се стекнат со знаења од механиката, од електрониката и од комјутерското управување, а потоа преку проектот на тогашната Влада успеавме да обезбедиме и неколку уреди со кои понатаму студентите ги завршуваа своите дипломски студии, магистерски студии, па дури и дел од доктосрките студии ги завршуваа на тие роботски системи и денеска имаме многумина од тие кои се наоѓаат и на Универзитетот и на Факултетот, но исто така голем дел од нив својата иднина ја градат на погоните отворените од странските и од домашните инвеститори и не само во Скопје, туку и тука во Охрод би ги споменал двете германски компании тоа е компанијата „Костал“ и компанијата „ОДВ“ кои вработуваат повеќе од илјада наши Македонци кои од различен профил ја градат својата практична кариера. Затоа се овие настани многу значајни за да можеме да размениме искуство, но и да направиме определен трансфеер на знаење.

Она пред кое што е испрвавена нашата држава, јас нема да зборувам колку е лош СДСМ и нема да зборувам колку е лоша актуелната Влада која ја предводи СДСМ, нема да зборувам за сите нивни грешки сите ние тоа го знаеме и нема да спомнувам, да се повторувам колку тие луѓе практично не ги бива и колку тие луѓе не знаат да ја водат државата

Јас ќе зборувам за она кое токму денес претставува главен наслов на денешната работилница, а тоа се предизвиците кои не очекуваат за да можеме да направиме силна економски стабилна Македонија која што ќе нуди перспектива за младите генерации кои доаѓаат наместо тие да сонуваат како да ја напуштат Македонија.

Пред еден ден имав средба и состанок со министерот за Европа на СР Германија господинот Михаел Рот и тој рече ние сме ви многу благодарни за Македонците кои работат во Германија и кои доаѓаат како квалификувана работна сила, јас му реков, јас сум ви лут затоа што македонците наместо тука да ја градат својата иднина тие својата иднина ја гледаат во Германија, јас повеќе би сакал Германија да отвори што е можно повеќе производни погогони овде во Македонија и Македонците наместо да талкаат по Западна Европа и по светот, тука да ја градат својата иднина и тука да ги растат своите деца и тука да го градат својот живот. Бидејќи Македонија е можеби мала земја, тука во срцето на Балканот, но никако никако не смееме да го потцениме нејзиниот потенцијал бидејќи таа претставува вратата на Европа. Многу пати во минатото се покажало дека токму тука Македонците биле тие кои ја одбраниле Европа од налетот на многу освојувачи кои се заканувале, но и од многу невредности кои се заканувале да ја освојат Европа.

Затоа мојата прва порака од овде ќе биде да овозможиме што повеќе наши мнлади луѓе, Македонци, наместо својата иднина да ја градат надвор од Македонија да ја градат тука во Македонија во новоотворените фабрики, во новоотворените производни погони кои ќе доаѓаат од СР Германија, а за тоа ни треба знаење, ни треба квалитет на образование, а за квалитетно образование требаат пари, а парите во образованието може да дојдат од Буџетот, а парите во Буџетот ќе дојдат преку силната економија. Во економијата парите и додадената вредност ќе ја создадат здрави луѓе, а за да имаме здрави луѓе, работливи луѓе потребно е да имаме решение за можеби најголмеиот предизвик со кој се соочува денес човештвото, а тоа е ковид пандемијата. Тоа значи дека треба да обезбедиме навремена, континуирана имунизација на нашето население за да не ни се случуваат повторно карантини, да не ни се случуваат повторно затворање на производните погони, да не ни се случува економијата да не може да го даде својот целосен потенцијал, да не расте БДП, а со тоа да има помалку пари во Буџетот, а тие помалку пари во Буџетот потоа ќе нема што попрво да се дисперзираат и во образованието, но и во другите секотори кои се неопходни во државата.

Затоа е многу значајно денескание да зборуваме, за можеви три клучни работи, тоа е здарвјето, односно навремената имунизација на населението која што ќе обезбеди силна економија и се разбира владеењето на правото и бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата кои во Македонија мораме сите ние тука да признаеме се сеприсутни, а Македонија денеска е најкорумпираната држава во Европа која ја води најкорумпираната влада во Европа и најкриминалната Влада во Европа, а то аго кажа последениот извештај на транспаренси кој нас не рангираше како 111 држава.

Тоа се трите столба врз основа на кои ние треба да ја градиме иднината и ова се трите столба врз основа на кои ние треба да правиме трансфер на знаење и разменуваме искуства со нашите, би рекол, поискусни колеги од германскиот парламент, но и нашите сестрински партии кои се веќе дел од ЕУ, но оние вистински европски партии ки споделуваат вистински европски вредности, а не како еден пример кој што го имаме во нашето соседство кој наместо да биде нашиот најголем спознзор и поддржувач за полна и целосна интеграција во ЕУ, тоа е нашата сестринска партија ГЕРБ тие се жал тој кој практично стави вето на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ. Затоа велам не сите сестрински партии има и такви кои за жал го злоупотребуваат префиксот сестринскка и наместо да гледаат во иднината, не враќаат назад во минаттото во 19 век мислејќи дека договорот со лекомерни политички и лекомислени политички измамници кои за жал денеска се во Владата ќе биде договор кој ќе го прифатат Македонците. Ние сакаме да направиме договор со вистинските вредности оние вредности кои нас ќе не однесат во Европа, а не да да се враќаме во 19 век онаму каде за жал нашата сестринска партија ГЕРБ сакада не врати.

Затоа би сакал мојата втора порака да биде кон тоа како да најдеме механизам кој практично ќе обезбеди стабилно и навремено снабдување со вакцини за населението се разбира она население кое сака да се вакцинира бидејќи кога можеше населението во светот и Европа да се вакцинира и кога веќе треаше тој процес на вакцинација кој започна крај на минатата година кај нас во македонија тој процес воопшто не беше почнат, односно тој период тие гледаа како да најдат форма посредник која на нив ќе им обезбеди дополнителни профити, провизии на овие од власта наместо да обезбеди стабилно навремено снабдување на населението со вакцини.

И за жал денес кога веќе пет месеци се позади нас имамме повеќе од пет илјади наши граѓани кои го изгубија животот поради пандемијата и ненавременото имунизирање и повеќе од 155 илјади наши сограѓани поминаа низ голготата наречена ковид 19. Зато амојата порака и апел е до сеуште актуелната Влада на Социјалдемократскиот сојуз е наместо во периодот да објавуваат как сме добиле донации од илјада, две илјади, пет илјади вакцини и наместо во периодот кој следи да објавуваат вести дека обезбедиле дополнителни, пет, десет илјади вакцини да се фокусираат како од есен да обезбедиме милион, два милиони вакцини или пак да учествуваме во некој производен процес како држава, тоа да биде државен проект. Зошто велам сеуште актуелна Влада, затоа што сум убеден дека политичката реалност после оваа есен ќе биде поинаква во нашата држава затоа велам дека сега ние е потребна вистинска акција да не чекаат како што тоа го правеа изминатиот период наместо да бркаат провизии да се фокусираат на стабилно и навремено снабдување на населението со вакцини се разбира со оној дел кој сака да се вакцинира. Затоа што само здраво население може да даде максимум онаму каде што работи во фабриките, да генерира силна стабилна и надежна економија и одржлива економија да го зголеми БДП кој потоа ќе генерира дополнителни приходи во Буџетот преку даноци, а тие даноци потоа ќе бидат инвестирани во обтазованието кое ќе генерира образовен кадар кој потоа повторно ќе се врати во економијата и таа иста економија ќе расте. Но и не само во производните погони на домашни и странски инвеститори, тие средства во Буџетот ќе бидат и за земјоделието, реформи во здарвството, дополнително зголемување на квалитетот на здравствените услуги, зголемување на стабдардот на граѓаните преку повисоки плати, пензии.

Тоа е еден процес на вистинска спирала, не онаа на Зарв која не влече назад веќе 4 години. Ова едноставно е инжињерска работа како сложената работа да ја направите поедноставна, тоа е инжињерски проблем како вие од хиуристика од зборови да создадете физички модел кој потоа ќе функционира.

Еве го моделот, едноставно е, помалку да бидете корумпирани, помалку да крадете, помалку да толерирате корупција и криминал тоа е мојата порака до фамилијата на власт и до социјалдемократите, да се фокусирате повеќе на сигурно и навремено снабдување на населението со вакцини и негово имунизирање за да можат тие луѓе здрави да работат да создавааат домашен производ кој потоа ќе врати назад во Буџетот, а идната Владата тие средства правилно ќе ги инвестира и во образованието, и во здравството, земјоделието, но и во подобар стандард и за пензиононерите и вработените. Тоа е едноставно кажано во неколку реченици она што во изминативе 4 години недостасува, затоа сме 111 место на листата на Транспаренси иако тоа некој го занемарува и мисли дека тоа не е важно, еве јас ве уверувам дека денеска секој еден странски инвеститор пред да одлучи да инвестира во некоја држава оваа ранг листа ја има пред себе и врз основа на оваа ранг листа одлучува дали ќе инвестира во Македонија, во Србија, во Бугарија, во Грција, во Албанија и Косово. Кога ќе види дека ние сме најкорумпираната држава со најкорумпираната Влада тогаш сигурен сум дека одлуката нема да биде Македонија, туку ќе биде некоја држава од соседството. И тоа практично го говорат бројките на странскиѕр инвестиции да речеме 2020 годдина сме убедливо последни со 1,9 проценти од БДП, да речеме Црна Гора е со 10 проценти, Србија е со повеќе од 6 проценти, Албанија е повеќе од 7 проценти. Ние сме убедливо последни со 1,9 проценти директни странски инвестции. Зошто? Затоа што инвеститорите не се чувствуваат сигурно, затоа што не се чувствуваат сигурни во своите инвестиции и се плашат од дополнителни ризици кои можеби на прва не ги гледаат.

Затоа мојата последна порака ќе биде работа и само работа. По оваа есен почитувани пратеници, почитувани гости политичката ситуација во Македонија нема да биде истата која е денес. Оваа Влада ќе биде во заминување, одговорноста ќе припадне на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а потоа треба силно да се засукаат ракавите и да се даде најдоброто од себе и да се покаже на граѓаните дека можело поинаку, дека можело подобро и дека ние сме тие кои знаеме тоа да го направиме.

Најдобрите години за нашата Македонија, за нашиот македонски народ, за македонската нација во која има има и Албанци, Турци, и Власи, и срби, и Бошњаци, и Еѓипќани и Роми допрва доаѓаат. Мојата порака и до нив, немојте да се разочарувате, немојте да ве зафаќа апатија најдобрите години допрва доаѓаат. Најпрвин да го поразиме Зоран Заев и оваа влада на Социјалдемокртаскиот сојуз, а потоа да се зафатиме со жестока работа.

Ви благодарам и ви посакувам успешен тренинг и плодни дискусии, заврши Мицкоски.