Во овие празнични денови дозволете ми во свое име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам лично, на свештеништвото и на сите верници на Евангелистичко-методистичката црква во Република Македонија, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот Христијански празник – Божиќ, се вели во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски до претседатело
-На сите верници им посакувам овој празник да го прослават во духот на мирот и заедништвото, во молитва да ја разбудиме бескрајната љубов, почитта и спокојот. Евангелско – методистичката црква има свој придонес во афирмирање на овие духовни вредности осветлувајќи им го патот на многу верници. Меѓусебно да се почитуваме, толерираме и помагаме, бидејќи тие се вредностите кои треба да ги негуваме и шириме, како во семејствата, така и во нашето општество и во нашата Република Македонија, стои во честитката.
Заедништвото, се додава, треба да биде позитивниот пример кој треба да се следи и да се вреднува.