Мицкоски: Со наводен скандал во ПИОМ, се дефокусира кастрењето на пензиите

Наводниот скандал со придонесите во вториот пензиски фонд, треба да ја дефокусира јавноста од кратењето на пензиите, но постои опасност дека расветливањето на случајот ќе ја потресе вкладејачката коалиција, рече челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потсети дека Владата директно ги крати пензиите за околу 500 денари секој месец

„Владата е непресушен извор за критика, бидејќи на дневна основа губиме по нешто. До вчера се расправаа со пазарџиите, сега гледаме дека отвораат со пензионерите, се јавија и лозарите долу во Тиквешијата, доле во Ресенско ги гледаме производителите на јаболко, практично непресушен извор се на скандали“, посочи Мицкоски.

И овој денеска последниот кога сам со свој камен по глава се удри министерката за труд и социјала. Гледаме како во една неприципиелна битка влезе со градоначалник на една општина. Која што е прилично значајна за СДСМ во минатото и сега“, појасни Мицкоски.

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во текот на гостувањето на МТВ појасни дека скандалот што се појави изминатите денови денеска се распрашал поконкретно за што станува збор и ја охрабрува министерката да продолжи до крај на разоткривање на овој скандал. Притоа, ја охрабри минситерката Царовска не само да поднесе кривичната пријава, туку точно да ги наведе имињата.

„Но на крај ќе заврши повторно со политички договор. Која ќе се удри во ѕид. Да не дојде потоа интеркоалициониот потенцијал во знак прашање. Затоа што сосема е поинаква реалноста, од таа која што се обиде да ја кажува во јавноста, а се со цел да ја затскрие намалувањето на пензиите. Тоа беше главната намена на овој скандал“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека власта на пензионерите со најновите законски измени директно им ги скрати пензиите за околу 500-ини денари секој месец. Напомена дека 300.000 пензионери во Македонија останаа со пензии пониски за три процента, сума која како што вели тој можеби не значи многу за функционерите на власта, но значи многу за македонските пензионери.

„Интевенционистичко, рестриктивно наметнато решение од страна на Владата па ги плаќаат тие минимални плати, доведе до зголемен пораст на просечната плата. И сега во моментот кога вие од истото ова чекмеџе ќе треба да земете и дадете за пензиите и тогаш немате. И тогаш што правите, ајде ќе ги кратиме пензиите. Да точно е на неколку илјади вработени им се зголеми минималната плата, но 300 илјади пензионери останаа со скратени најмалку три проценти пензија, а три проценти е 500-тини, 600-тини денари секој месец. За пензионерите тоа значи, можеби за политичката елита во државава од СДСМ тоа не значи, но за многу пензионери тоа значи“, рече Мицкоски.