Мицкоски: Тодоров избега како последна кукавица од ВМРО-ДПМНЕ и реши да одработува за Заев

Тоа беше обид на СДСМ и на Зоран Заев и на Оливер Спасовски сега претпоставувам дека имаат скапо платени луѓе кои што работат на нивните односи со јавноста, и велат сега ајде да го лепиме Сашо Мијалков до Христијан. И на тој начин ќе ја санираме дел од штетата, потоа тука има заробеници од типот на еден поранешен министер за здравство, кој што како последна кукавица избега во последните моменти во 2017-тата година од Штабот на ВМРО-ДПМНЕ и избега за тоа што беше исплашен дека може да одговара за сето она кое што го сработил или несработил додека министерувал“,рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во „Радио Лидер“.

Мицкоски додаде дека токму тој поранешен министер за здравство е главен советник на оваа власт. И се обидува на невешт начин да сервира определени информации кои што се апсолутно неточни.

-Имаше тогаш јавен повик, од страна на партијата да се кандидираат претседателски аспиранти итн. Во тој момент единствен кој што аплицира бев јас со комплетна документација и имаше уште една некомплетна документација и 370-80 делегати на конгресот во Валандово ме избраа, а меѓу нив беше и тогаш Сашо Мијалков. Но, меѓу нив беа и останатите 369 делегати, појасни Мицкоски.