Мицкоски: Во Кавадарци посетивме три од десетината проекти кои се реализираат, горди сме на градоначалниците што го испорачуваат ветеното

Во Кавадарци посетивме три од десетината проекти кои се реализираат, убеден сум дека не само во Кавадарци, туку и низ цела Македонија ќе продолжи да се гради на локално ниво отсега и убеден сум дека наскоро дека ќе имаме предвремени парламентарни избори кога ќе може владата на ВМРО-ДПМНЕ повторно да ја гради после петгодишна стагнација нашата држава Македонија, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната негова посета на општина Кавадарци.

-Еве и од мене добар ден и благодарам што сте тука со нас денеска, убав ден денеска имаме овдека во Кавадарци. Од тоа што можев да го видам на терен се изведуваат објекти три кои што ние ги посетивме генерално, исклучително и оваа спортска сала овдека во основното училиште во село Ваташа, повеќе од 3.2 милиони евра вкупно отприлика е инвестицијата, вклучително и грантот, вклучително и инфраструктурниот проект, вклучително и оваа сала, рече Мицкоски и додаде:

-Како што кажа градоначалникот имаме и други десетина проекти кои што се во фаза на реализација, навистина и импресивна и импозантна. Не можам да останам рамнодушен, а да не кажам додека овие во владата продолжуваат да крадат, градоначалниците од редот на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да градат и тоа не може да не не прави среќни и горди на тоа што сме го ветувале кога гледаме дека се исполнува и дека се реализира, додаде Мицкоски.

Мицкоски вели дека на локално ниво ќе продолжи да се гради низ цела Македонија, а убеден е дека наскоро ќе има предвремени парламентарни избори.

-Убеден сум дека не само во Кавадарци, туку и низ цела Македонија ќе продолжи да се гради на локално ниво отсега и убеден сум дека наскоро дека ќе имаме предвремени парламентарни избори кога ќе може владата на ВМРО-ДПМНЕ повторно да ја гради после петгодишна стагнација нашата држава Македонија.

Мицкоски упати честитки до градоначалникот Јанчев и Советот на општина Кавадарци за посветеноста и чесната работа за она кое што го ветиле и кое што го реализират.

-Така што еве му честитам на градоначалникот Митко, на Советот, на луѓето овдека што се, што навистина посветено, чесно, одговорно работат и го испорачуваат тоа кое што го ветиле овдека пред кавадарчани. Јас како човек сум горд на сето тоа и посакувам така и во иднина да продолжат, не гледам пречка и причина зошто така да не биде и во иднина, истакна Мицкоски.