Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со претставници на ВМРО-ДПМНЕ, денеска оствари средба со претставници на Стопанската комора на северо-западна Македонија.
-Секогаш овие состаноци се добредојдени затоа што има аргументирана позиција од луѓето на Комората, има корисна дебата, корисен дијалог кој нам ни помага во делот на креирање на програмата. А, истовремено тоа е одредена додадена вредност затоа што мислиме и цениме дека само со аргументирана дебата можеме да напредуваме. Ако во политиката се водите од фрустрација и во бизнисот ги гледате работите еднострано, а не како двонасочна улица, тогаш не можете да бидете успешен“, рече тој.
Додаде: „Претходно се состанавме и со претставници и официјални лица на Стопанската комора на Македонија и Сојузот на Стопански комори на Македонија. И тука ги кажавме нашите аргументи, ги презентиравме фактите поврзани со овие законски измени кои денеска почнаа во Парламентотот, односно предлог закон за измена на законот за ДДВ, за персонален данок и овој нов Закон за солидарност. И можеме да кажеме дека огромен е бројот на правни лица кои се погодени од нив, настрана процедурата којае комплетно злоупотребена посебно со европското знаменце, истакна Мицкоски.
Тој рече дека околу 45 компании се директно погодени со овој закон. Станува збор за десетици милиони евра што биле предвидени да се инвестираат, односно да обезбедат дополнителни работни места, но во овој момент Владата одлучува тие пари да ги собере, а потоа преку сомнителни трошења да ги стави на конти или во приватни џебови.
ВМРО-ДПМНЕ јасно го кажа ставот, предложивме јавна расправа, точките од дневен ред да бидат тргнати, но за жал од владејачкото мнозинство бевме одбиени. Ако тие навистина верувате во тоа што го правите, тогаш не гледам зошто имате причина да бегаат од јавна дебата и зошто не сакаат да се соочат со овие луѓе од Стопанските комори кои се борат секој месец да обезбедат денар плус, да обезбедат плата повеќе за вработените, а како што дојде време, и за повеќе вработени, бидејќи се помалку има расположлива работна сила на пазарот на труд“, изјави Мицкоски.