Мицкоски за анкетите, вработувањата и статусот на Македонците во сопствената држава

Ги следиме анкетите, но во реалноста ВМРО-ДПМНЕ води многу повеќе, истакан опозицискиот лидер Хритијан Мицкоски во текот на гостувањето на телевизијата Алфа, запрашан да ги коментира последните анкети за партиските рејтинзи и притоа се осврна и на најавениот попис на населението и податоците кои ги лиферува Владата за наводното намалување на невработеноста во земјата.

Ние не сме против пописот на населението во земјат, инсистира Мицскоски, но псоочи дека како партија остануваат на ставот дека доколку остане законот и методологијата вакви какви што се, ќе ги повикаат граѓаните против пописот.

„Ние сметаме дека овој начин на попишување е крајно штетен за мнозинската зедница, Македонците. Треба да се престане со принципот Македонците да се чувствуваат граѓани од втор ред во својата држава. Денес, ако прошетате и ако поразговарате со нив тоа преовладува, тоа го има и кај анкетите, рече Мицкоски на гостувањето на телевзија Алфа одговарајќи на прашањето што доколку власта реши да оди на попис без согласност на опозицијата.

Мицкоски, во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа кажа дека неговата партија го објаснила својот став на темата за пописот и дека стои на тој став дека ако остане законот ваков каков што е, ВМРО-ДПМНЕ ќе повика на непопишување.

„Видете, ние тоа го кажавме и на прес- конференции и стоиме на тоа дека ако остане овој закон ваков каков што е и оваа методологија ваква каква што е предвидена ние како опозиција нема да бидеме дел од тој попис и ќе ги повикаме граѓаните на непопишување, рече тој.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека ваквиот начин на попишување е на штета на Македонците.

„Ние како опозиција мислиме дека овој начин на попишување единствено е штетен за мнозинската етничка заедница во Република Македонија, а тоа се Македонците и мислам дека е крајно време да се престане со принципот да Македонците се чувствуваат граѓани од втор ред во сопствената држава. Денеска кога и да прошетате со кого и да поразговарате етнички Македонец во Македонија секаде преовладува чувството дека Македонците се практично граѓани од втор ред во нивната сопствена држава“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа на фактот дека сега има конструктивна опозиција.

„Сега е прашањето дали имаме доволно конструктивна влада, бидејќи се констатира дека има конструктивна опозиција, дека ВМРО-ДПМНЕ настапува конструктивно. Ние понудивме помош и за преговорите со ЕУ. За датумот за преговори со ЕУ сакам да сум оптимист, ние како опозиција ќе дадеме се. Се ќе сторам за граѓаните да бидат поблиску, но најголем дел го дава Владата, а оваа деструктивна Влада одзема време“, посочи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју во емисијата Отворено на ТВ Алфа нагласи дека иако СДСМ и Заев се фалат дека вработиле 50.000 луѓе треба да се постави вистинското прашање каде тие се вработени. Мицкоски потенцираше дека иако власта се фали со зголемување на вработеноста, продуктивноста во економијата се намалува, односно како што рече тој, во моментот има економска политика која се темели на катастрофа.

„Тие велат вработиле 50.000 луѓе и видете ја сега додадената вредност која што ја направиле тие 50.000 луѓе е нула. Сега вистинското прашањето е, во ред, кога вие ќе го зголемите бројот на вработените исто толку пропорционално или приближно треба да се зголеми додадената вредност, а таа е нула. Сега се поставува прашањето каде работат овие 50.000 луѓе и какви се тие вработувања“, забележа Мицкоски.

Во однос на последното истражување на јавното мениени во однос на партиите и политичките лидери, Мицкоски ирази уверување дека предноста на ВМРО-ДПМНЕ е уште поголема.

„Таму беше вкупната предност 2 проценти, додека, пак, кај македонското население беше околу нешто повеќе од 8 проценти. Кај Албанците СДСМ е трета партија, прва е ДУИ, втора е Алијанса на Албанците итн. Од прилика јас би ги пондерирал со фактор 2 резултатите со вкупната бројка и кај македонското население и тогаш би ја добил онаа очекувана бројка во моментот која што би ја имале или некаде помеѓу 70.000 до 100.000 гласа предност кои што ги има ВМРО-ДПМНЕ наспроти СДСМ“, рече Мицкоској во гостување во емисијата Отворено на Алфа телевизија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека на сите граѓани, оние кои се разочарани од владата на СДСМ но сѐ уште не го гледаат ВМРО-ДПМНЕ како алтернатива, им должи една победа, односно како што рече, победа во тежок маратон која што таа треба да биде голема победа.

„Победата не треба да биде победа која ќе остави простор за понатамошен постизборен инжинеринг. Тоа треба да биде победа која што ќе забетонира една идна власт, реформска власт, власт која што ќе ја донесе Македонија во подобри времиња и власт која што ќе ја одводен Македонија во подобри години“, додаде Мицкоски.