Не би го коментирал ставот на тој господин. Мислам дека текстот е напишан од неговиот претседател, аболицираниот политичар Зоран Заев кој како што слушнавме финансирал медиум, бил запознаен со злоупотреба на партиска моќ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Алфа говорејќи за фејсбук на статусот на Љупчо Николовски од СДСМ кој меѓудругото вели „…. постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори“.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, ова говори дека стравот е голем.
Јасна е намерата на СДСМ, на Зоран Заев да ги одложи изборите или на насилен начин да ги постигнува работите, рече Мицкоски.