Говорејќи за непотизмот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека за сите лица кои се вработени неправично, со влијание на функционери, со докази, ја информирале Антикорупциска комисија.
Премиерот Зоран Заев кажа дека Антикорупциска ги разгледува сите случувања во врска со непотизмот. Тој кажа дека во пет случаи вработените, по пат на непотизам, се повлекле од работните места. Заев го запраша Мицкоски дали ќе даде отказ бидејќи работел во факултетот каде што работи неговиот татко.
Мицкоски кажа дека во одреден момент му помогнал на неговиот татко и е горд на него. Тој потсети дека таткото на Зоран Заев бил обвинет за кражба на електрична енергија.
Изгледа вашиот родител добро ве научил, бидејќи тој имаше едно обвинение за кражба на електрична енергија, па сигурно не го влечете вака пример во животот како да се однесувате понатаму, посочи Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со обвинувањата за непотизам, посочи дека неговиот татко Иван Мицкоски никогаш не учествувал ниту во оценка ниту во изготвувањето на магистерскиот и докторскиот труд.
-Напротив еден ваш соработник во владата бил дел од комисијата и за докторскиот и за магистерскиот труд и може лично да ви посведочи дали мојот родител бил или не бил, му порача Мицкоски на Заев.