Како сега премиерот Зоран Заев сега вели дека ја разбрал пораката од избирачите, а пред две години велеше дека има двајца корумпирани министри и сѐ уште не ги смени, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на 24 Телевизија во емисијата „Отворено“
„Овој истиов човек велеше во оние последниве скандали за Фондот за технолошки развој, кога имавме распределба на средства фамилијарна, самиот излезе и рече ако ги сменам ќе немам со кого да работам“, рече Мицкоски.
Истакна во продолќение дека политиката на Зоран Заев ќе доживее класичен дебакл на парламентарните избори.
„Заев е копија од еден филм кој зема метла прави театар со еден поранешен директор во театрите, и очекува граѓаните да му веруваат на година дена пред редовните парламентарни избори“.