Опозицискиот лидер Кириакос Мицотакис од Нова Демокаратија утре во 13 часот ќе положи заклетва како нов премиер на Грција, објавија грчките медиуми.
Според последните податоци на Министерството за внатрешни работи на Грција, опозициската Нова демократија освоила 39,8 отсто од гласовите, а владејачката Сириза на премиерот во заминување, Алексис Ципрас, – 31,6 отсто од гласовите.
Ципрас телефонски му ја честитал победата на Мицотакис.
„Граѓаните го направија својот избор, а нивната волја е многу почитувана“, рече Ципрас и додаде: „Во демократија не е ненормално да дојде до промена на власта. Се надевам дека Нова демократија нема да води политика на одмазда“, изјави Ципрас.
„Се боревме со крената глава и денеска со крената глава го прифаќаме резултатот“, истакна тој.