Српскиот тренер Синиша Михајловиќ испрати порака до своите фудбалери од болница пред денешниот меч на Болоња против Бреша.
Михајловиќ нема да биде на клупата на својот тим, зашто го почна вториот циклус на лекување на леукемијата.
„Нема страв, туку навикнавме на условите во текот на претсезоната. Јасно дека отсуството на Синиша е хендикеп, но нема да се одрази на нивото на игра, зашто неговото присуство секогаш се чувствува“, вели близок човек до Миха.
Неговиот асистент порачадека Михајловиќ испратил порака пред мечот.
„Бараше од нас да биде ‘очајнички’ пристап, односно да се однесуваме во секоја минута како да е последна. Бреша е солидна екипа, но не очекуваме изненадувања“, порача помошникот на Србинот.