5.8 C
Skopje
среда, ноември 27, 2024

Михајловиќ по повторно враќање на пеколната болест (ФОТО)

Синиша Михајловиќ во јули 2019 година соопшти дека има леукемија која преку серија терапии и пресадување на коскена срж во април 2020 година откри дека ја победил.

Сепак, пред неколку месеци повторно излезе пред медиумите и соопшти дека болеста за жал му се вратила.

Некогашниот репрезентативец на Југославија и селектор на Србија во претходните неколку месеци престојува во болница и го исполни ветувањето дека ќе ја предводи Болоња на првиот меч од новата сезона.

Овој викенд е фотографиран на тренерската клупа, а на истата се гледа како тој е исцрпен, но со силна волја да го предводи својот клуб кој му дава енергија во целата оваа борба.

-Добро сум сега, се поправам од ден на ден. Толку ја сакам оваа работа што заборавам на се кога сум на теренот, изјавил Синиша за италијанските медиуми.

Тој инаку на теренот беше пречекан со громогласен аплауз и овации од публиката.