Во следните денови се очекува владата да го повлече предлогот за номинација на
Љубомир Фрчкоски за македонски амбасадор во Вашингтон, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на својот профил на Фејсбук, Антонио Милошоски.
Љубомир Фрчкоски за македонски амбасадор во Вашингтон, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на својот профил на Фејсбук, Антонио Милошоски.
„Ова ќе биде последица на реакциите од страна од стратешкиот партнер кои пред неколку дена по дипломатски пат стигнале директно и до Заев, со прашање дали е сигурен дека Фрчковски би можел да добие НАТО безбедносен сертификат, што е предуслов за размената на строго доверливи информации на највисоко државно ниво
Заев се правдал дека нема детални информации на таа тема за предложениот амбасадор, но дека ќе разговара со Фрчкоски за да му понуди друга функционерска опција, надвор од дипломатијата“, наведува Милошоски.