Минимална предност на Работнички, Шкендија убедлива а Пелистер пред елиминација од Лига Европа

Деан Митрев со гол во последната мунута му донесе минимална победа со 1:0 на Работнички во дуелиот против Тре Пене, фудбалерите на Пелистер се пред елиминација уште во првото квалификациско коло за Лига Европа, а претходно во дуелите во четвртокот Шкендија против молдавска Дачија беше убедлива со 3:0

Иако потешко од очекувањата сепак македонскиот претставник Работнички успеја да оствари победа на гостувањето во Сан Марино кај составот на Тре Пене во првиот дуел од првото квалификациско коло за Лига Европа.

„Романтичарите“ кои важеа да фаворит иако има повеќе зрели шанси за постигнување на гол, сепак ја искористига последната и тоа во 90 минута од дуелот кога Деан Митрев конечно успеја да го совлада одличниот домашен голман Мигани.

Избраниците на Виктор Треневски ќе имаат прилика да го поправат впечатокот од првиот меч, на реванш средбата во Скопје, закажана за идниот четврток на теренот „Петар Милошевски“ крај тренинг центарот на ФФМ во Скопје.

Битолскиот клуб беше поразен на синоќешното гостување во Познањ од екипата на Лех со убедливи 4:0 полувреме 3:0.

Серијата голови ја отвори Ники Биле Нилсен од пенал (28 минута), а десет минути подоцна Марио Ситум го постигна својот прв, а втор гол за Лех. Веќе во 38.минута беше 3:0 со погодокот на Радослав Мајевски.

И во вториот дел домаќините беа оние кои ја контролираа играта, па во 57 минута со вториот гол на Марио Ситум полскиот тим стигна до убедливи 4:0.

Реванш натпреварот ќе се игра во Струмица, следниот четврток на 6 јули.

Фудбалерите на тетовска Шкендија постигнаа победа во првиот натпревар од првото коло од квалификациите од Лига Европа. Тие попладнево во Струмица ја победија Дачија од Молдавија со 3:0 (2:0). Головите за Шкендија ги постигнаа: Бесарт Ибраими во 7 минута од пенал и Марјан Радески во 11 и 75 минута.