Министер: Франциските џихадистки се борци и така со нив ќе се однесува

Француските џихадистки кои заминале во Ирак и во Сирија се борци и со нив така траба да се постапува, оценува францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан во разговорот објавен во неделата на интернет страницата на дневниот весник Ouest-France.

„Забележувам некој вид сочувствителност од одреден број бранители на џихадистките, меѓутоа тие се борци, активистки на џихадизмот. Така кон нив треба да се постапува“, смета шефот на француската дипломатија.

Ставот на Франција „од самиот почеток е потполно јасен, нема враќање“, повтори Ле Дриан.

„Французите кои се бореле во редовите на групацијата Исламска држава, се бореле против Франција. Значи тие се непријатели и така со нив треба да се постапува и да им се суди, таму каде што сториле злосторства, во Ирак и Сирија. Тоа важи и за жените и за мажите. За жените, како и за мажите. И тоа затоа што во Ирак и во Серија, во 2014-та, 2015-та и 2016 година заминувале во прв ред за да се борат“, оценува министетот на прашањето за можната разлика меѓу мажите и жените џихадисти.

„Проблемот е со децата. И тоа со малите деца и можно е мајките во крајна линија да одбијат да се грижат за нив“, додава Ле Дриан.

Претходно францускиот министер за внатрешни работи Лорен Нунез рече дека има 500 деца од француски родители во Ирак и во Сирија. „Од овие деца, околу стотина се вратиле по 2015 година, а некои починале. Кога станува збор за 20 до 300 деца не се знае каде тие се наоѓаат“, рече во четвртокот вечерта државниот секретар на каналот France2.

„Секој случај ќе се разгледува засебно во соработка со Црвениот крст, со многу претпазливост за да се избегне манипулирањето со емпатијата. Значи, Франција ќе ги почитува законите и безбедоста на Французите. Правото и безбедноста на Французите, тоа се темелните принципи на нашиот став за оваа тема“, заклучува Ле Дриан.

Кон средината на февраури министерката за правда Никол Белубе порача дека Франција засега нема да го исполни барањето на американскиот претседател Доналд Трамп до европските сојузници да ги прифатат назад исламистичките борци од Сирија и Ирак.

Трамп пред два месеца ги повика сојузниците во Европа да преземат стотици свои државјани кои се заробени во Сирија како борци на ултрарадикалната исламистичка организација Исламска држава, и побара од Франција, Велика Британија, европските земји со најголем број борци во џихадистичките редови, да преземат повеќе од 800 заробени борци и да им судат.

Политиката на француските власти е категоричното одбивање на враќање на џихадистите и нивните семејства од боиштата на Блискиот исток. Министерот за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан ги опишува како „непријатели“ на нацијата кои би требало да бидат изведени пред судовите во Сирија и во Ирак.

Курдските сили во Сирија во заробеништво држат околу 150 француски државјани, меѓу кои 50 се возрасни. Германија, исто така, студено одговори на барањето на Трамп.