Минусни температури наутро, пролетни преку ден

Најниска температурa, утринава во 7 часот, во Македонија е измерена во Битола, каде живата во термометарот падна на минус шест степени. Во Скопје и во Берово измерени биле минус пет степени, додека во Демир Капија, Тетово, Куманово и во Струмица минус четири,  а во Претор, Крива Паланка, Дебар, Прилеп и Штип минус два степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Маврово е измерена снежна покривка од три сантиметри.

Времето денеска ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопската котлина сончево со слаба магла и заматеност на атмосферата, преку денот со мала до умерена облачност. Температура до 10 степени.

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. По одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, ќе има услови за појава на магла.

Температурата ќе се движи од осум до 14 степени.  Во Скопје ќе биде сончево со мала, со умерена облачност.  Температурата ќе достигне до 10 степени.

До среда ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло за овој период од годината. Наутро ќе има услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе има мала до умерена облачност. Под влијание на влажен бран во четврток ќе биде облачно со повремен дожд, а на високите планини од снег. Претпладне врнежи ќе има на западот, а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава, но сепак најинтензивни ќе останат во западните делови. Во петок врнежите ќе бидат слаби и полокализирани, но ќе биде постудено па слаб снег ќе има и на повисоките места особено на западот. Во деновите од викендот се очекува стабилно, суво и ветровито време.