Овие избори се исклучително важни затоа што на нив ќе одлучиме во кој правец ќе се движи државата следните четири години. Кој ќе се грижи за здравјето на граѓаните и кој ќе ја носи земјата во евроинтеграции, рече Соња Мираковска, носителката на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 4,
„Во оваа кампања граѓаните имаа прилика да препознаат кој е вистинскиот концепт. На една страна е концептот кој Македонија ја води во евроинтеграции, кој ја штити демократијата, го става човекот во центарот на вниманието. И сосема друг концепт на другата страна, кој не е јасен и за кој не се знае дали ќе ги врати мрачните сили од минатото.
Верувам дека граѓаните за себе, за своите деца, за своето здравје ќе ја донесат вистинската одлука и ќе одлучат Македонија во следните четири години забрзано да оди кон Европа, кон благосостојба и кон сигурно здравје.
Верувам дека ќе одиме уште подобро и уште посилно во следните четири години и дека ќе обезбедиме брза интеграција на земјата во Европската Унија и дека ќе обезбедиме безбедно здравје и благосостојба на граѓаните“, рече Миракоска