Неговата ќерка Мина Алексиќ пред неколку дена постираше тажна фејсбук објава за состојбата на нејзиниот татко. Веруваше дека тој ќе закрепне.
„Мојот Миша е заболен од ковид и е на респиратор веќе трет ден. Секој час е негова борба за животот, како и моја за него. Миша би сакал сите наши блиски луѓе да знаат каков борец е тој. Би сакал сите луѓе кои го сакаат и почитуваат да бидат со нас, да бидат со него и да веруваат дека ќе го победиме коронавирусот“, напиша таа.