Со доаѓањето на власт на О’Нил се става крај на долгата политичка блокада во Северна Ирска, по победата на Шин фејн на изборите во 2022 година. Блокадата беше прекината откако британската Влада неделава постигна договор со пробританската Демократска унионистичка партија.
О’Нил политичка кариера ја почнува во 1998 година на 21-годишна возраст, како советник во законодавниот дом на Северна Ирска. Истата година кога е постигнат Договорот од Белфаст, кој генерално стави крај на конфликтот меѓу католичките националисти и унионистичките протестанти.
За време на конфликтот, нејзиниот татко бил затворен и подоцна беше избран како претставник на Шин фејн. О’Нил потоа стана градоначалник, а првпат во законодавниот дом на Северна Ирска беше избрана во 2007 година.
Мишел О’Нил соработуваше со командантот на Ирска републиканска армија (ИРА), Мартин Мекгинис, кој одигра клучна улога во воспоставувањето мир во Северна Ирска.