Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Грција.

Земјотресот е регистриран во 18.56 часот по локално време во близина на Скијатос.

Според Геодинамичкиот институт, епицентарот на земјотресот бил на 40 километри североисточно од Скијатос.

Земјотресот се случил на длабочина од пет километри.

Според очевидци, земјотресот траел неколку секунди.