
Пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, во третото продолжение на седницата за избор на влада, на крајот од своето излагање од говорницата на српски јазик порача дека новата влада ќе трае.
-Оваа влада ќе трае, мало сутра дека ќе падне веднаш. Четиригодишен мандат ни е обезбеден, рече пратеникот Мисовски.
Тој ги пофали досегашните реформи спроведени под водство на Зоран Заев и рече дека новиот мандат е можност да продолжат со реформите. Од ВМРО – ДПМНЕ очекува во наредниот период демократизација во идеолошкиот дел со напуштање на класичниот национализам.