Нема алтернатива за меѓународниот нуклеарен договор, му одговори шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини на американскиот колега Мајк Помпео кој во понеделникот изнесе драконски барања за Иран, а иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Зариф ги отфрли како лаги за свртување на вниманието од фактот дека САД ги криши меѓународните договори.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео наброи 12 барање меѓу коишто бара од Иран да го запре збогатувањето на ураниум, да дозволи неограничен простап до своите нуклеарни постројки, што всушност веќе е опфатено со сегашниот договор, да ги повлече силите од Сирија, да престане да му се заканува на Израел, да престане со поддршката на шиитското либанско движење Хезболах и на јеменските бунтовниците Хути, и да ја прекине својата програма за балистички проектили.
„Говорот на (американскиот) државен секретар Мајк Помпео, со ништо не покажа дека повлекувањето Заедничкиот сеопфатен план за акција (Joint Comprehensive Plan of Action – JCPOA – што е официјален назив на иранскиот нуклеарен договор – з.р.) го направи регионот посигурен од заканата од ширењето на нуклеарното оружје или не’ постави во подобра позиција да влијаеме на однесувањето на Иран. Нема алтернативно решение на договорот“, заклучи високата претставничка на Европската унија за заедничка надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини.
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф напиша на Twitter дека САД го повторуваат „истиот лош избор“.
„Американската комична дипломатија е чисто враќање на старите навики (…) а нив ги диктираат корумпираните лични интереси, таа го повторува истиот лош избор и затоа ќе понесат исти лоши последици“, напиша Зариф.
Иранското министерство за надворешни работи ги осуди барањата на американскиот државен секретар како „лаги“ чијашто цел е да се сврти вниманието од фактот дека Вашингтон ги крши меѓународните договори.
„Иран ги отфрла наводите и лагите на таканаречената нова стратегија и го осудува отвореното мешање на американскиот државен секретар во внатрешните прашања и незконските закани за членките на Обединетите нации“, наведе иранското министерство за надворешни работи.
По острите пораки за Мајк Помпео и американското министерство за одбрана му се закани на Иран со „нови мерки“. „Разгледуваме дали ќе ги удвоиме актуелните мерки или ќе примениме нови“, изјави полковникот Рон Менинг. Портпаролот на Пентагон одби да наведе кои нови мерки министерството за одбрана би можело да ги примени.
Иранскиот претседател Хасан Роухани ги запраша САД кои се тие одлучуваат за Иран и светот, реагирајќи на заканите за најсилни санкции во историјата коишто во понеделникот ги искажа Помпео.
„Сите земји светот сакаат независност во сопствените одлуки и Американците може под притисок на некои места да наметнуваат свој дневен ред, но логиката не прифаќа дека тие одлучуваат за светот“, рече Роухани.
„Кои сте вие да одлучувате за Иран и светот? Времето на таквите изјави е минато. Иранскиот народ стотина пати слушаше такви зборови и не им придава важност“, изјави Роухани.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео во понеделникот се закани дека за Иран ќе бидат воведени „најсилните санкции во историјата“ доколку водството оваа земја на ја промени насоката на својата надворешна и внатрешна политика.
Откако претходно на почетокот на мај САД се повлекоа од меѓународниот договор со Иран, Помпео наведе 12 барање за Иран и рече дека оваа земја ќе ослободи од санкциите дури и кога Вашингтон не види чувствителне пресврт во иранската политика.
Меѓу тие барања се и оној Иран дека мора да го запре збогатувањето на ураниумот, да дозволи неограничен пристап на нуклеарните постројки во земјата. Помпео бара и иран да ги ослободи сите американски државјани, да ги повлече силите од Сирија за кои Техеран тврди дека се воени советници и да престане да му се заканува на Израел.
Помпео повика и на нов договор кој би го ратификувал Конгресот. Доколку Иран би се согласил на нов договор, Помпео изјави дека САД би биле подготвени на сите санкции за овие земји, и вопоставување целосни дипломатски и трговски врски со Иран.
Неговите закани со дополнителни санкции доаѓаат во период кога Франција, Германија и Велика Британија работат на пронаоѓање решение како да се зачува сегашнитот договор со Иран потпишан во средината на 2015 година во Виена.