Европската унија се уште смета дека израелското населување на окупираната палестинска територија е нелегално според меѓународното право и дека е закана на можноста за траен мир, рече шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини.
„ЕУ го повикува Израел да ги прекине сите активности за населување, во согласност со своите обврски како окупациска сила“,нагласува Могерини во изјавата.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера нагласи дека планира да објави дека САД ја олеснуваат својата позиција за изградба на израелските населби во окупираниот Западен Брег, и дека САД ќе отфрлат правно мислење на Стејт департментот во 1978 година дека изградбата на населби во окупираните територии не е во согласност со меѓународно право.