Шефот на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини денеска ја повика Турција да се воздржи од еднострана воена акција во Сирија, откако Анкара се закани со нови дејствија против курдските сили, поддржани од Вашингтон, пренесе АФП.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, чија земја од 2016 година веќе спроведе две акции на северот од Сирија, најави дека ќе биде започната нова операција наредниве денови, која ќе биде насочена против позициите на Курдите, источно од Ефрат.
Изјавите за можна турска воена операција во североисточна Сирија предизвикуваат загриженост, вели Могерини. Таа додава дека очекува од турските власти да се воздржат од било каква еднострана акција, која може да ги поткопа напорите на коалицијата против ИД или да ја зголеми нестабилноста во Сирија.