
Иако сме биле сведоци на негови многубројни атрактивни погодоци, сепак еден од најубавите кои ги има постигнато Ибракадрабра е оној последниот во дресот на Ајакс, кога 6 фудбалери на НАЦ Бреда беа немоќни против шведскиот “џин”.
Тој меч се одигра пред точно 10 години, на 22. август 2004 година, а голот кој го постигна Ибра беше само потврда за челниците на Јувентус дека тој е вистинскиот напаѓач за нив, па така само неколку дена подоцна, пред крајот на преодниот рок, тој веќе беше член на најтрофејниот италијански клуб. Понатамошната негова кариера е приказна сама за себе, која секако ќе биде запишана во аналите на фудбалот по неговото пензионирање.
А голот кој го постигна против Бреда, ако ништо друго, ќе биде запаметен како еден од најдобрите голови постигнат во историјата на холандското фудбалско првенство.