![buca](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/buca.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Украинските националисти само го гранатираа Дергачи, гратче во близина на Харков во источна Украина, а потао ги снимиле последици и подготвиле материјали кои треба да ги пренесат западните медиуми, тврдеше во средата генерал-полковникот Михаил Мизинцев, челник на рускиот Национален центар за управување со одбраната.
„Украинските националисти го гранатираа селото Дергачи во Харковската област, што правеле снимки на разурнатите објекти и на ‘многубројните загинати’ за да ги пренесат до западните медиуми“, соопшти Мизинцев.
Според него, во овие дејствија учествивале и претставници на западни новински агенции. Целата конструкција, вели Мизинцев, ја воделе припадниц на 72-от Центар за информативно-психолошки операции на украинската армија.
Според Мизинцев, на сите цивили, коишто тој ги опишува како учесници во исценирано снимање“, им биле исплатени по 25.000 долари.
Слични операции, според споменатиот руски центар, украинските тајни служби и војската ги спроведуваат и во местата Конотоп, Тростјанец во областа на Суми, како и во Бородјанка и Катјужанка крај Киев, од каде што руските сили го започнаа повлекувањето кон северот на земјата уште на 29-ти март.
„Сценариијата слични на она (со наводниот руски масакр) во (киевското предградие) Буча, се неосновани обвинувања против руските вооружени сили, овојпат нема да мине“, изјавил Мизинцев,
Во вторникот Русија во Обединетите нации ги презентираше руските аргументи во врска со ситауцијата околу објавувањето на потресните снимки од Буча, што Москва го отфрли како провокација од страна на украинските власти и западните медиуми.
Руското министерство за одбрана викендов објави дека во периодот која Буча била под контрола на руските единици „ниеден локален жител не претрпел никакви насилни дејство“. Беше додадено дека војскиата целосно ја напуштила Буча на 30-ти септември, а дека дотогаш северниот излез од градот не бил блокиран, а додека јужните станбени делови биле гранатирани од украинските сили.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија катагорично негира секакви обвинувања за вмешаност на руските сили во гинењето на цивили во Буча и ги повика членките на Советот за безбедност на ОН да се „апстрахираат од емоционалната перцепција, којашто се заснова на нешто неосновано, туку да размислат со своја глава и да ги споредат фактите“. Според него, станува збор за „монструозен фалсификат“, чијашто цел е оцрнување на руската армија.