![kim i mun](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/kim-i-mun.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун е искрен и навистина мисли да се откаже од нуклеарното оружје, изјави јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, за фрацускиот дневен весник Le Figaro и додава дека меѓународната заедница за тоа треба да го награди.
Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп ветија на историскиот самит кој се одржа во јуни во Сингапур дека ќе работат на денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров. Потоа овој договор тапкаше во место, а Северна Кореја неколкупати остро реагираше поради тоа што и покрај нејзините гестови на добра волја со демонтирањето на полигонот за нуклеарни тестирања и запирањето на лансирањето балистички проектили, САД и натаму ги задржаа санкциите против оваа земја. Сепак, на почетокот од септември Ким упати ново писмо до Трамп, по што американскиот државен секретар Мајк Помпео повторно го посети Пјонгјанг во настојувањата да се договори нов состанок на врвот на кој би се придвижиле преговорите.
Во моментов Северна Кореја одбива да го предаде целокупниот попис на својот нуклеарен арсенал, како и на инфраструктурата, да го дослоцира атомскиот потенцијалн надвор од својата територијата, како и да се обврзе на конкретни рокови. За Пјонгјанг и натаму станува збор за стратешки елементи, кои претствуваат пречка за евентуална американска агресија против комунистичката земја.
„Годинава темелно со часови разговарав со Ким. Тие разговори ме уверија дека донел стратешка одлука за тоа да се откаже од нуклеарното оружје“, вели мун за Le Figaro, во интервјуто дадено во пресрет на посетата на јужнокорејскиот претседател на Франција.
Мун, кој подоцна во понеделникот ќе се сретне со францускиот колега по должност Емануел Макрон, истакнува дека Ким е „фрустриран, бидејќи меѓународната заедница и натаму не му верува“.
„Треба да му покажеме на Ким Џонг-ун дека ја донел вистинската одлука, кога се решил за денуклеаризацијата и треба да му помогнеме во неговата желба за постигнување траен и цврст мир“, истакнува Мун.