Оваа мусака од сезонски зеленчук и сирење ќе биде вашиот совршен ручек ова лето.
Состојки:
- 350 грама зелени тиквички
- 300 грама модар патлиџан
- 300 грама црвени домати
- 600 грама моцарела сирење
- 0,5 л павлака за готвење
- 1 жолчка од јајце
Подготовка:
Тиквичките и модриот патлиџан исечете ги на долго на половина сантиметар дебели парчиња. Посолете ги, пропржете ги од двете страни и ставете ги на хартија да го впијат маслото.
Доматите исечете ги на кругчиња и оставете ги да се исцедат.
Изрендајте ја моцарелата; измешајте ги жолчката и павлаката. Во премачкан плех со масло наизменично наредете ги тиквичките, сирењето, модриот патлиџан, и на врвот ставете домати.
Прелејте со павлака и печете в о рерна на 180 степени од 45 до 50 минути.