Муслиманските верници започнаа во четвртокот со симболичниот ритуал на каменувањето на Сотоната на ридот Арафат, каде што кулминира хаџот во Саудиска Арабија, кој годинава се одржува со драстично намален број аџии поради пандемијата на коронавирусот.
Неколку илјади луѓе, за разлика од 2,5 милиони минатата година, присуствуваат на петдневниот хаџ, кои започна во средата во светиот град Мека на најважниот исламски обред.
Снимките на саудиските државни медиуми ги покажуваат верниците со заштитни маски на лицата, собрани во групи како чекаат во редови како фрлаат камења на столбот кој ја симболизира Сотоната. Верниците стојат на означани места поради одржување на физичка дистанца во повеќеетажен објект во пустината во долината Мина, околу седум километри североисточно до Мека. Аџиите облечени во бела одежда пеат „Господ е најголем“ секогаш кога ќе фрлат камен.
По завршувањето на обредот на каменувањето на ѓаволот, во петокот кој истота така го одбележува почетокот на одбележувањето на Курбан Бајрам, машките аџии традиционално се пресвлекуваат, ги бричат главите и со ритуално жртвување животни. Жените, пак, отсекуваат прамен од косата. Овие обреди го означуваат духовното подмладување, односно зацелување.
Иако вообичаено аџиите ги собираат каменчињата за ритуалот на каменувањето, годинава саудиските власти им поделија затворени вреќички со стерилизирани каменчиња како мерка на претпазлувост против коронавирусот.
Саудиска Арабија, која се смета за просторот од кој се ширел исламот, исто така го ограничи бројот на аџиите на муслиманите, домашни и странски државјани, кои живеат во оваа сунитска монархија, за да го сузбијат ширењето на вирусот.
Аџиите пред почетокот на аџот беа прегледани и одреден им беше карантин по доаѓањето во Мека овој викенд. Нивниот багаж е дезифициран, Некои добиле електронски нараквици со кои се следи нивното движење. Тимови ја чистеа и дезинфицираа околината на Каба и спротивно на обичаите, поради коронавирусот не смеаја да ја допираат Каба. Саудиските власти на теренот распоредија пет мобилни клиники и амбуланти. Во карантин аџиите ќе мора да одат и по завршување на аџот.
Хаџот, еден од петте столбови на исламот, е задолжителен за сите муслимани барем еднаш во животот, доколку имаат доволно пари за патување и физички се способни за тоа.