Музејот ,,Мадам Тисо“ ги издвои восочните фигури на Хари и Меган од кралското семејство

Познатиот лондонски музеј за восочни фигури ,,Мадам Тисо“, ги отстрани восочните фигури на принцот Хари и Меган Меркл од делот каде стојат фигурите на членовите на кралското семејство.

Ова е одговор по објавата дека Хари и Меган се повлекуваат од кралските должности.

Во музејот се изложени повеќе од 250 восочни фигури на познати личности од светот, а управата соопшти дека Хари и Меган ќе бидат сместени во посебен дел и нема да бидат заедно со кралицата Елизабета, принцевите Филип и Чарлс и наследникот на тронот Вилијам и неговата сопруга Кејт, јави Ројтерс.