МВР демантира дека утрово имало антитерористичка акција во Слупчане и Ваксинце.
Портпаролот на МВР, Иво Котевски за „Република“ изјави дека нема никаква акција во тој регион.
Министерството за внатрешна политика, чиј портпарол сум јас, утринава не сроведува никаква антитерористичка акција, вели Котевски.
Претходно медиумите објавија информација дека утринава се спроведува антитерористичка акција во Слупчане и Ваксинце.