![mvr znacka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/mvr-znacka.jpg?resize=678%2C381&ssl=1)
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека нема профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Во последниот период креирани се неколку лажни профили, кои го злоупотребуваат називот на институцијата и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки за законско санкционирање на креаторите на овие профили.
Во денешното соопштение се подвлекува дека МВР има своја веб страница, а профили има само на социјалната мрежа Фејсбук и Јутјуб, и тоа е јасно потенцирано на веб страната.