Утрово во 7 часот кумановската полиција од отсекот за економски криминал, по претходн основано сомнение за примање поткуп од страна на лекарка од очното одделение од кумановската Општа болница, извршила претрес во работни простории и во патничко моторно возило „опел астра“ и од лекарката одземени се 98.000 денари, а од медицинцка сестра одзеле 18.000 денари, информира МВР.
Лекарката со иницијали Е.С. е приведена и против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Куманово.
– Е.С. ја злоупотребила службената положба и овластување казниво по чл. 353 и примала поткуп од пациенти, казниво по чл. 357 од КЗ на РСМ така што правела хируршки интервенции во службени простории на ЈЗУ Општа болница-Куманово и за интервенциите противправно зела по 12.000 денари, иако пациентите се здравствено осигурени преку ФЗО и за истата интервенција би требало да платат само партиципација. Но партиципација не им била наплаќана, со што не само што се оштетува буџетот на РСМ, туку парите пациентите ги давале лично на пријавената, непосредно пред да се изврши хируршката интервенција, а за што пациентите не добивале документ за платената услуга – велат од МВР.