Н1: Србија е лидер по мафијашки убиства во регионот, Македонија е втора

Србија е лидер по мафијашки убиства во регионот во 2018 година, покажува статистиката до која дојде српската телевизија Н1 анализирајќи ги податоците во регионот на поранешна Југославија.

Втора е Македонија со 15, но како што вели новинарката Јелена Зориќ која ја прави анализата, податоците се базираат на информации од медиумите, бидејќи македонската полиција не им дала официјални податоци.

Во 2018 во Србија се слулиле 29 убиства кои се доведуваат со врска со мафијашки пресметки, од кои 21 се случиле во Белград. Потоа е Македонија со 15, но според медиумските спекулации, бидејќи официјални податоци од македонската полиција не добивме, вели Зориќ.

Потоа на листата е Црна Гора со седум, Република Српска во рамки на Бих со три, но сите на територијата на Република Српска, Хрватска со две и Словенија со ниту едно.

Како што рече новинарката во оваа земја од 2003 година немале убиство со епитет мафијашко.

За Косово веднаш добиле податоци од тамошната полиција, но само како вкупна бројка од 32 убиства, во кои спаѓаат семејни убиства, разбојништва, убиство од небрежност и криминални убиства, но полицијата рекла дека точна статитика, бидејќи како што рекле судот ја одредува позадината.  Според тамошните новинари, причина зошто нема таква статистика е и тоа што таму на сила и натаму е „крвната одмазда“.

Целиот разговор со новинарката Јелена Зориќ е од 15 минута во видеото подолу.