![papa2-300x180 Папата Франциско пристигна на Лезбос](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/04/papa2-300x180.jpg?resize=300%2C180&ssl=1)
Прес-службата на Ватикан објави програма за посета на папата Франциск на Бугарија и Северна Македонија, која ќе се одржи на 5-7 мај годинава.
Папата ќе пристигне во Софија на 5 мај во 10 часот. На аеродромот тој ќе биде пречекан од премиерот Бојко Борисов, потоа шефот на римокатоличката црква ќе ја посети бугарската патријаршија, а во храмот “Св. Александар Невски “папата Франциск ќе се помоли пред престолот на Св. Кирил и Методиј, просветители на Словените и покровители на Европа.
На 7 мај, папата ќе ја напушти Софија и заминува за Скопје. По состанокот со претседателот и премиерот на Северна Македонија во просториите на претседателската резиденција , папата Франциск ќе се обрати до претставниците на властите и дипломатите. Потоа, шефот на римокатоличката црква ќе го посети спомен куќата на познатата Мајка Тереза . Тука ќе има молитва и средба со сиромашните луѓе и верници.
Папата во Македонија доаѓа за прв пат а ќе остане само 10 часа. Доаѓа од Софија, на скопскиот аеродром ќе слета во 8 часот и 15 минути а си заминува во 18 часот и 30 минути.
Римокатоличкиот папа првата историска миса во Македонија ќе ја отслужи на градскиот плоштад а преку овие заеднички средби во Македонија сака да испрати голема политичка и верска порака за мир и сплотеност. 29 апостолско патување на папата Франциск е најавено официјално со лого на македонски јазик на кое пишува „не бој се, мало стадо“