
Поранешниот авторитарен египетски претседател, Хосни Мубарак, почина на 91-годишна возраст, пренесуваат во вторникот државните медиуми, додавајќи дека смртта на политичарот настапила по долго боледување.
Кон крајот на јануари, на Мубарак му беше отстранет тумор во стомакот, а од болницата објавија дека по операцијата се наоѓал на одделот за интензивна нега. Веста ја потврдија неговиот син Алаа Мубарак и адвокатот Фарид ел-Деб,
Хосни Мубарак владееше со Египет цели три децении, од 1981 до 2011 година. Во февруари 2011 година, во рамките на ткн Арапска пролет со која беа соборени редица доголгодишни челнции во арапските земји, главнот барање на масовните демонстрации во Египет беше неговото заминување од власта, по што тој поднесе оставка.
Потоа, Мубарак беше уапсен и суден под голем број обвиненија за корупција и смрт на демонстрантите во текот на протестите. Но конечна пресуда дочека само за еден случај по обвинение на корупција во 2016 година, заедно со енговите синови Алаа и Гамал. Мубарак веќе ја издржв казната во притвор додека го очекуваше судењето во другите случаи. Во 2017 година беше ослободен по повеќето од обвинијата.
Интересно е што единствената пресуда за Мубарак се однесуваше на незаконско финасирање на издавачката куќа Al Ahram, во која сопственост е најтиражниот египетски дневен весник.
Последните години Мубарак живееше далеку од јавноста, комуницирајќи само со семејството, одбивајќи секакви контакти со медиумите.