На Граничниот премин „Ќафасан“ вчера вечерта од слобода бил лишен Р.К.(32) од Р.Албанија, затоа што при извршена проверка било констатирано дека се наоѓа на стоп-листа со мерка „апси“, по барање на Интерпол Германија, информира МВР.
Тој бил предаден во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.