За тоа дека за време на сексот двата партнери секогаш треба да доживуваат оргазам, сметаат дури 62% од луѓето, а најчесто глумат за партнерот да не се чувствувал лошо.
Околу 80 отсто од луѓето барем еднаш во животот одглумиле оргазам, покажало истражувањето на страницата „Kinkly“, која се занимава со промовирање на секс, едукација и продажба на разни помагала за тие моменти од животот да бидат што поубави.
Направиле анкета која ја пополниле повеќе од 1200 луѓе. Ги прашувале колку често не се искрени кога е оргазамот во прашање и зошто е тоа така.
Резултатите покажале дека 87 отсто од жените во еден момент од животот глумеле оргазам, во споредба со 69 отсто од мажите. Жените, исто така, редовно глумат дека доживуваат оргазам околу 37 отсто од времето, додека мажите глумат само 9 отсто од времето. Дури 74 отсто од испитаниците биле уверени дека тоа го прават толку добро што партнерот не може ни да забележи.
Кога е во прашање вистински оргазам, жените признале дека не можат ништо да забележат. Кога искрениот оргазам е во прашање, жените признале дека го постигнуваат во 70 отсто од случаевите, додека тој процент кај мажите е поголем, тие навистина доживуваат оргазам во 86 отсто од случаевите.
Зошто измислуваат дека доживеале оргазам?
Четири најчести одговори во анкетата биле:
1. Не сакав мојот партнер да се чувствува лошо.
2. Сакав да заврши сексот.
3. Сакав мојот партнер да се чувствува добро.
4. Бев сексуално задоволен, но тоа го направив бидејќи чувствував дека таа средба треба да се официјализира.
Во анкетата, 62 отсто од луѓето рекле дека за време на сексот двата партнери секогаш треба да доживуваат оргазам.