![makedonski jazik](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/05/makedonski-jazik.jpg?resize=696%2C696&ssl=1)
За време на Втората светска војна, на 23 септември 1943 година, на ослободена територија во селското училиште во Подвис, Кичевско за првпат се одржала настава на македонски јазик.
За прв учител бил наименуван Василко Ристески од Подвис. На првиот ден при почнувањето на мајчин македонски јазик, учителот Василко Ристески им рекол: „Деца, отсега натаму ќе си учите на вашиот мајчин македонски јазик. И ќе си се поздравуваме на македонски јазик“.
Секој ден, при влегувањето на учителот во училница, тој поздравувал со: „Смрт на фашизмот“, а децата одговарале со: „Слобода на народот“.