На државна кардиохирургија вградено вештачко срце кај пациент

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче ви петокот вечерта ја посетија Универзитетската клиника за државна кардиохирургија на којашто на 54-годишниот пациент Мухарем Реџепи, татко на шест деца, му е вградено вештачко срце, со коешто се живее нормален и квалитет живот, кој се продолжува за десет до петнаесет години

Во овој случај, кај пациент со тешка срцева слабост, е ставен уред кој е еден тип на механичко срце вграден во левата комора. Тоа ја всисува крвта од левата комора и преку една протеза ја носи во аортата. Мала е, бесшумна, трајна е и се наоѓа внатре, а од надвор е само батеријата која ќе се менува за таа да работи. Операцијата, која траела два ипол часа, ја извел тимот на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија. Тимот доктори се задоволни од операцијата, а пациентот е во добра состојба, пренесува агенциајта МИА.

Според премиерот Заев, придобивките од овој зафат се огромни. Најголемата придобивка е пренесеното знаење на нашите доктори-специјалисти кое ќе можат да го применуваат во иднина. Нагласил дека се заштедени и огромни финансиски средства на Фондот.

„Ваквите операции, на пример во Германија чинат 340-350 илјади евра, а севкупните трошоци овде не поминуваат повеќе од 120.000 евра. Ова претставува унапредување на севкупниот здравствен систем во Република Македонија, рекол Заев охрабрувајќи ги сите лекари и директорите на клиниките да го следат овој тренд.

Министерот Филипче изјавил дека ова е уште една нова метода што се имплементира во нашето јавно здравство.

„Ова е еден модел на едукација на нашите лекари од страна на странски лекари што ни дава одлични резултати во смисла и на заштеда, но и сериозно надградување на знаењето на нашите експерти, рече Филипче.

Изразил надеж дека сите работи што ги преземаат во здравството како инвестицијата во платите, во дежурствата ќе ги задржи нашите лекари во Македонија.