
Србија во саботата пројави најголем број на новозаразени со коронавирусот од почетокот на епидемијата – 3.822 лица во последните 24 часа, а пријавени се уште 17 починати како последица на Covid-19.
Најмногу новозаразени повторно има Белград со 1.692 случаи или 44 отсто од севкупниот број, а следат Нови Сад со 202, Крагуевац со 145 и Ниш со 130 случаи.
На болничко лекување во моментот во српските болници се згрижени 3.693 пациенти, од кои 163 се на респиратори.
Од почетокот на епидемијата во март во Србија заразени се 81.086 лица, од кои 989 починале. Досега се тестирани вкупно 1.496.295 примероци, од кои 14.015 во полседните 24 часа.
Се очекува дека поради влошената епидемиолошка ситуација, кризниот штеба за справување со епидемијата на коронавирусот при српската влада во недела да прогласи нови мерки. Според досегашните најави, наизвесни се две мерки: затворање на кафулињата и клубовите во 18 часот, како и задолжителното носење маски и на отворени простори.