Најголемата и најсјајна Месечина оваа година го осветли ноќта во вторникот небото над Земјата, којашто практично целата е во карантин поради пандемијата од новиот тип коронавирус.
Феноменот супермесечина се појавува во моментот кога Месечината е најблиску до Земјата и во таа позиција изгледа посветла и поголема од вообичаената ноќна Месечина.
Денеска Месечината ќе биде речиси 30.000 километри поблиску до нашата планета од вообичаеното. Во текот на времетраењето на супермесечината, ова небеско тело ќе се појави на небото за околу 14 отсто поголемо и 30 отсто посветло отколку полната Месечина во своето апоге (врвот), односно најголемото растојание од Земјата.
Априлската полна Месечина во целата 2020 година најмногу ќе одговара на карактеристиките на супермесечината. Овој феномен е познат и како „розова Месечина“, поради розовите цветови коишто цутат во рана пролет.
Најдобро феноменот полна Месечина ќе биде видлива непосредно пред мугрите, околу 4,30 часот во среда, кога Месечината че ја достигне својата максимална осветленост. Астрономите најавуваа дека розовата Месечина ќе може да се види со голо око од балконите, имајќи предвид дека повеќе од половината од човештвото во моментов е во карантин.
Розовата Месечина се појавува секоја година, а во древните времиња се појавата било поврзувано со настапувањето на пролетта. Невообичаената сенка на Месечината се објаснува со фактот што метеоритската прашина и другите мали остатоци од Вселената се подобро видливи кога природниот сателит ѝ се приближува на Земјата.