Најголемиот силувач во Британија бил полицаец

Во текот на 17 години, Дејвид Карик, сериски силувач и брутален сексуален предатор, повеќе десетици злосторства извршил во униформата на припадниците на градската полиција на поширокото подрачје на британската престолнина Лондон – Metropolitan police, што го прави целиот случај уште пошокантен.

Карик во судот признал вина во десетици сексуални злосторства, вклучително и за вкупно 24 силувања, објави телевизијата Sky News. Во периодот меѓу 2003 и 2020 година, а британските медиуми го опишуваат како „еден од најголемите британски силувачи“ во историјата.

Во понеделникот претпладнето, 48-годишниот Дејвид Карик пред судот во Лондон ја признал вината за четири силувања. Во декември призна вина за 43 сексуални престапи, меѓу кои 20 силувања и бројни агресивни дела од сексуален карактер, вклучително и незаконски приведувања. Сознанијата за силувањата коишто ги сторил како полицаец предизвикаа огорчување и бран критики на сметка на лондонската полиција.

„Во името на лондонската полиција, сакам да им се извинам на жените кои пателе во рацете на Дејвид Карик. Моравме да го воочиме неговиот образец на злоставувачко однесување, а бидејќи не го сторивме тоа, пропуштивме можност да го отстраниме од полицијата“, изјави Барбара Греј, помошничка на началникот на Скотланд Јард.

Случајот ги разбуди сеќавањата на смртта на 33-годишната лондончанка Сара Еверард која во март 2021 година ја силувал и убил, исто така, друг полицаец што беше злосторство што ја згрози британската јавност и предизвика масовни протести поради небезбедноста на жените на улиците.

Карик работел за полицискиот оддел во рамките на Скотланд Јард кој е задолжен за парламентот и дипломатските претставништва. Беше уапсен во октомври 2021 година кога една жена го пријавила за силување откако се запознале преку интернет и излегле на состанок. Откако случајот дојде во јавноста, започнаа да се јавуваат и другите жртви.

Полицијата и обвинителството наведуваат дека Карик ја користел својата полициска позиција за да ги намами жените, а потоа ги уверувал дека никој и онака не би им поверувал дека се жртви, бидејќи тоа било „нивниот збор против неговиот“.

Некои од жртвите ги тепал и понижувал, забранувајќи им да јадат, а една десет часа ја држел заклучена во шифоњер под неговите скалила.

Дејвид Кларк се изјаснил за виновен за кривичните дела кои му се ставаат на товар и нема да има судски процес. На почетокот од февруари ќе се одржи рочиште на коешто судот ќе ја објави казната за овој сериски силувач. Претставникот на обвинителството Џасвант Нрвал изјавил дека „ова е еден од најшокантните случаи со кои обвинителството се занимавало, а во кое е вмешан полицаец“.