На Кипар бил сослушан сопственикот на бродот кој го донел товарот кој експлодираше во Бејрут

Рускиот претприемач Игор Гречушкин, кој има привремен престој на Кипар, кој своевремено бил сопственијк на бродот „Rhosus“ кој во 2014-та го испорачал амониум-нитратот во пристаништетот во Бејрут кој експлодираше по шест години во либанската престолнина, сведочел доброволно пред кипарските власти, соопштија во петокот од полицијата на Кипар.

Извори од кипарската полиција, кои за медиумите не го користеле терминот „сослушување“, рекле дека Гречушкин бил посетен од кипарските правосудни органи во четвртокото претпладнето

„Врз оснонава на барањето од канцеларијата на Интепрол во Либан, полицијата ја пронајде адресата на поранешниот сопственик на бродот и се сретна со него. Од него ги земаа потребните докази, поставувајќи му неколку прашања кои биле испратени од Бејрут. Нивниот соговорник во добра намера одговори на нив“, пренесува агенцијата ТАСС повикувајќи се на свој извор во кипарската полиција.

Истиот извор додал дека претприемачот, иако не поседува кипарски пасош, легално престојува во земјата, бидејќи неговата сопруга е државјанка на Кипар.

Кипарскиот дневен весник Phileleftheros, исто така, во петокот објави повикувајќи се на сопствени извори, прашањата кои му ги поставила полицијата на Гречушкин се однесувале на природата на товарот кој се наоѓал на бродот, како и на маршрутата на пловидбата, од каде бил подигнат товарот и каде требало да биде испорачан. Сепак, одоворите и податоците кои ги дал Гречушкин остануваат непознати за јавноста.

Интернет ресурсот Shiparrested.com, кој ги следи поморските правни случаи, во средата објави дека извештајот од 2015 година покажал дека бродото „Rhosus“ кој пловел под знаме на Молдавија со екипаж од Украина, пристанал во Бејрут во септември 2013 година поради технички проблеми на патот од Грузија кон Мозамбик, со 2.750 тони амониумов-нитрат.

Силната експлозија во магацинот во складиште на пристаништето во Бејрут се случи на 4-ти август. Ударниот бран од детонацијата уништи и оштети стотици објекти, поради што без домови останаа 300.000 жители на либанската престолнина. До петокот се потврдени 154 жртви и околу 5.000 повредени, од кои најмалку 120 лица се во критична состојба. Покрај тоа уште десетици луѓе се водат како исчезнати.

Според првичните сознанија на либанското министерство за внатрешни работи, причина за трагедијата биле искри при заварување на складиште и запалувањето на повеќе до 2.700 тони амониум-нитрат, кој бил конфискуван од царината пред шест години.