Најкрвавиот ден во Мјанмар од превратот, најмалку 39 мртви

Безбедносните сили во Мјанмар убиле во неделата најмалку 39 луѓе, од кои 22 во округот Хлаинг Тхарјар во Јонгон,, соошти вечерва Здружението за помош на политичките затворениците (AAPP) која дава адвокатски услуги на затворените и репресираните.

Воената хуната во Мјанмјар вонредна состојба во неделата вечерта во две општина во пошироката област на Јангон, извести државната телевизија.

Безбедносните или усмртиле најмалку 22 демонстранти во сиромашната индустриска населба Хлаингтаја во предградието на главниот град, а фабриките кои се подигнати како инвестици на кинески компании се запалени, известуваат медиумите.

Уште 16 демонстранти се убиени во други места во Мјанмар, се тврди во објавата на ААРР. Се додава дека е убиен и еден полицаец во најкрвавиот ден откако на 1-ви февруари војската ја отстрани валдата на избраната челничка Аунг Сан Суу Кји.

Во Јангон, економскиот средиште на земјата, во општината Хлаинг Тхајар полицајците и војниците се судриле со демонстраните вооружени сио палки и ножеви, кои се сокриваа зад провизорните барикадите и се разбегале кога безбедносните сили отвориле оган.

Кинеската амбасада во Мјанмар објави на своите мрежни страници дека многу кинески работници се повреден ии блокирани бидејќи две фабрики во округот Хлаинг Тхајар во Јангон се ограбени и уништени,

Амбасадата веднаш побарала итно да се гарантира безбедноста на кинеските државјани при ситуацијата која ја оценува како „многу сериозна“. Се додава дека за Кинезите во Мјанмар е издадено предупредување.

Воената власт прогласи вонредно состојба во две населби во најголемиот град Јангон. Воените власти му ја предаваат „правната и правосудната власт во ситуацијата на вонредната состојба за да (….) поуспешно да се гарантира безбедноста, владеењето на правото и мирот“, пренесе државната телевизија.

Мјанмар се наоѓа во политички и безбедносен хаос откако на 1-ви февруари воениот врв под образложение дека на изборите во ноември Националната лига за демократија (NLD) на Аунг Сан Суу Кју направила изборна измама за да оствари голема победа, а против неа се подигнати и обвиненија за корупција,

Невладината организација за човекови права Amnesty International ја обвини војската за користење борбени тактики против демонстрантите. Меѓународниот притисок расте, западните земји одговорија на акцијата на војската со снакции против генералите, Обединетите нации велат дека војската веројатно прави злосторства против човечноста.