Во експлозијата во текот на крикет натпревар во авганистанска престолнина Кабул загинале најмалку 19 цивили, повеќе отколку што првично беше известено, изјави во саботата генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
Има и дополнителни жртви, објави Гутереш на Twitter.
Талибански безбедносни функционери изјавија дека експлозијата во текот на натпреварот го предизвикала рачна граната, но не го открија точниот број на загинатите.
Најмалку 13 повредени се одведени во болницата во којашто во авганистанската престолнина ја води италијанската невладина организација „Emergency“.
„Се надеваме дека нашите сограѓани, странските гости и меѓународните челници не водат директна кампања за оние зли луѓе кои не ја посакуваат среќата на Авганистанците“, соопшти полицијата на Кабул.
Талибаните, кои од своето враќање на власт во август 2021 година по американското повлекување од земјата по две децении, тврдат дека главно ја вратиле безбедноста, и понекогаш ваквите инциденти се кријат и минимизираат.
Обединетите нации по преземањето на власта на талибаните регистрирале 2.106 цивилни жртви. Најголем број од тие жртви во последниот извештај, им се припишани на авганистанските приврзаници на џихадистичката групација Исламска држава, кој е ривалска на талибаните а најчеста цел ѝ се припадниците на шиитската малцинска хазарска заедница.