Најмалку 42 лица загинаа во лизгање на земјиште предизвикано од обилните врнежи дожд во западен Камерун, јавија локалните медиуми.
Спасувачки екипи и денеска трагаат по настрадани кои се затрупани под урнатини на куќи во градот Бафусам, во западниот дел на земјата.
Меѓу жртвите има 26 деца, јави камерунската радио-телевизија.
Обилните врнежи дожд предизвикаа и поплави поради кои се раселени речиси 30.000 луѓе во соседната Централноафриканска Република.