Повеќе од 87 женски лица се хоспитализирани по истекување на гас во фабрика за облека во јужниот дел на Индија, јавија денеска локални медиуми. Работничките синоќа имале мачнина и повраќале во фабрика во јужната држава Андра Прадеш.
Не е забележан ниту еден смртен случај и ситуацијата денеска е под контрола, наведува телевизискиот канал Индија тудеј.
Сличен инцидент имаше и во јуни, во истиот регион каде 200 женски лица изгубија свест по истекување на гас, потсетува каналот НДТВ.
Во 2020 година најмалку петмина починаа, а стотици беа хоспитализирани по истекување на гас во хемиска фабрика во Висакапатнам, индустриски пристанишен град во истата држава.
Индија во 1984 година ја имаше една од најлошите индустриски катастрофи во својата историја, што се случи во фабрика за пестициди во Бопал, во централниот дел на земјата. Околу 3.500 лица беа пронајдени без знаци на живот во наредните денови по истекување на отровен гас.
И денес тамошните жители трпат последици. Деца се раѓаат со страшни недостатоци и деформитети, како последици од изложеност на гас кај нивните мајки.